Претепани мигранти од Ирак и Авганистан завршија во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Мигранти од Ирак и Авганистан вчера со повреди побарале лекарска помош во Општата болница Куманово.

Loading...

– На 29.10.2024 во 02.30 часот во СВР Куманово од вработена во Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив дошле пет лица мигранти (две од Ирак и три од Авганистан) со повреди, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тие со повредите се здобиле бидејќи биле физички нападнати.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во среда по 17. пат „Дедо мраз на мотор“ во Куманово