Високите температури кои изминатите месец дена беа присутни на територијата на Република Македонија и недостаток од дожд ги пресушија речните корита на реките во регионот на Куманово.
Нашата екипа забележа дека водостојот на реките е значително намален и се обидовме да побараме статистички податоци за висината на водата, како и споредба со минатата летна сезона.
Најпрвин податоците ги побаравме од Регионалниот центар за управување со кризи од каде ни рекоа дека не располагаат со такви информации и не препратија до Управата за хидрометеоролошки работи која работи во склоп на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но од таму не добивме одговор на нашиот и-мејл.
Се надеваме дека вчерашните врнежи од дожд во одделни краеви на Република Македонија ќе допринесат да се нормализира водостојот на реките во Куманово.
[huge_it_gallery id=”128″]