Пожари избувнаа во два квартови на Киев по напади со дронови, во кои две лица се повредени, објави на Телеграм градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Според него, пожарот избувнал во областа Свјатошинск, каде изгореле нестанбени простории, додека во областа Дарњицки изгорела приватна куќа, пренесе Укринформ, пренесува Танјуг.
Подоцна, Кличко пријавил уште еден пожар во областа Свјатошина, кој бил предизвикан од паѓање на делови од беспилотно летало.
Тој рече дека едно лице е повредено во областа Свјатошинска, додека приватна куќа е уништена во областа Дарњицки, каде што паднал дел од дронот.
„Во областа Дарницки нема повредени“, изјави градоначалникот на Киев и нагласи дека медицинските работници веќе им пружиле помош на повредените.
Подоцна, Кличко потврди дека две лица се повредени во областа Свјатошина и дека им е укажана лекарска помош.
Во меѓувреме, според информациите што ги пренесува Укринформ, руските беспилотни летала во текот на ноќта ја нападнале Одеса, а во градот се слушнале и експлозии.