Повторно блокиран Суецкиот канал: Се насука огромен танкер

Сподели со своите пријатели

Суецкиот канал синоќа беше повторно блокиран, кога танкер под знамето на Сингапур се насука поради дефект на кормилото.

Loading...

Танкерот „Афинити V“ долг 250 метри пловел кон Саудиска Арабија кога се насука во близина на местото во тесниот јужен дел на каналот каде што се насука бродот „Евер Гивен“ во 2021 година, предизвикувајќи еднонеделно нарушување на сообраќајот.

Како што соопштија од управата на Суецкиот канал, овој пат шлеперите успеале повторно да го лансираат бродот за пет часа.

Бродот пловел од Португалија до саудиското пристаниште Џанба на брегот на Црвеното Море.

Бродот „Евер Гивен“, кој пловеше под знамето на Панама од Кина до Ротердам, предизвика блокада на Суецкиот канал на 23 март 2021 година, која траеше шест дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Застојот доведе до нарушувања на светските пазари, имајќи предвид дека околу 12 отсто од светската трговија се одвива преку Суецкиот канал, кој е најбрзата рута меѓу Азија и Европа.

Повеќе од 15 шлепери учествуваа во операцијата за повторно подигање на „Ever Given“, а последниот од 422 пловила што чекаа поради инцидентот не помина низ каналот дури на 3 април.