Жените многу често се во потрага по природни и едноставни начини да изгледаат здраво и убаво. Познатата Јутјуб советничка Ела Гејл, на социјалната мрежа сподели занимлив рецепт за тоа како да се сочуваат ноктите на рацете без посета на козметички салон.
Сите знаеме дека маслиновото масло е многу добро за нашата кожа и коса. Тоа се однесува и на ноктите.
Ова смеса ќе направи чудо, а се` што ви е потребно е маслиново масло, лук и сок од портокал.
Во пластичен сад насипете цеден сок од портокал и истолчен бел лук и така држете ги вашите нокти приближно десет минути. Така намокрените нокти, префрлете ги во сад со маслиново масло и почекајте 5 минути.
Целиот процес повторувајте го двапати седмично, и ќе бидете изненадени од резултатот.