Најголемиот светски порно сајт Pornhub активно се вклучи во кампањата за спас на загрозената природа.
Почетокот на таквата своја активност, верувале или не ја оболежале со видео за пчелите.
Меѓањето на пчелите со најголемиот порно сајт Pornhub веројатно никому не звучи како особено добра диеја. Каснување од пчела, болка и оток веројатно нема да помогнат кај сексуалната привлечност.
Но, Pornhub не мисли така. Тие отвориле нов канал под името „BeeSexual“, а секој преглед носи пари за организациите кои се борат за зачувување на природата, поточно за зачувување на пчелите чиј опстанок е загрозен.
Секогаш кога некој ќе погледне видео на оваа порно страница ќе се донираат пари на организации задолжени за зачувување на овие инсекти.
– Поголемиот дел од растијата се ослонуваат на пчелите и сексот со нив за да го продолжат својот вид. Пчелите за жал умираат и без нив нема да го има тој секс на природата, а тоа значи дека повеќе нема да има овошје и зеленчук. Поради тоа Pornhub го претставува BeeSexual. Тоа е целосно нов жанр порно филмови, посветен за спас на пчелите. Ќе претвориме кратки видео прилози за пчелите во потрага по храна во она што тие навистина се, забавни, настрани, природен порно филм, стои во официјалното соопштение на компанијата.
фото: пиксабеј