Поранешен информатор на ФБИ, обвинет дека лажел за Хантер и Џо Бајден, а сега осомничен за затајување данок

Сподели со своите пријатели

Поранешниот доушник на ФБИ Александар Смирнов, кој беше обвинет дека лажел за аферите на американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот син Хантер, сега е осомничен и за затајување данок, објавија денеска американските медиуми.

Loading...

Новото обвинение поднесено во федералниот суд во Калифорнија го обвинува Смирнов дека затаил данок на повеќе од два милиони долари приход што го добил од повеќе извори во периодот од 2020 до 2022 година, пишува ABC News.

Смирнов требаше да оди на судење во Лос Анџелес следната недела под обвинение за измислени наводи дека претседателот Бајден и неговиот син добиле мито од 5 милиони долари од украинската енергетска компанија Бурисма, што републиканците постојано се обидуваа да го искористат во нивните напори за отповикување на претседателот на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ќе продолжи директно да разговара со Ким Џонг Ун?

Смирнов се изјасни за невин по обвиненијата, а федералниот судија го одложи судењето за јануари.

Неговиот адвокат, Дејвид Чесноф, рече дека неговиот клиент енергично ќе се бори против најновото обвинение за затајување данок. Смирнов сè уште не се изјаснил за виновен за новите обвиненија.

Тој е во притвор од неговото апсење во февруари, бидејќи постои ризик да избега благодарение на неговите контакти во странство, во кои наводно има и високи разузнавачи во Русија.