Поради рускиот напад врз Украина Полска ги крена борбените авиони

Сподели со своите пријатели

Полската армија објави дека завршија воените воздушни операции над полска територија, кои беа поврзани со руските напади врз Украина.

Во соопштението за медиумите се наведува дека немало нарушување на воздушниот простор, пишува Ројтерс.

„Ве известуваме дека не е забележано нарушување на полскиот воздушен простор“, објавија вооружените сили на социјалната мрежа Х.

Авион подигнат како мерка на претпазливост

Претходно во текот на ноќта, оперативната команда на полските вооружени сили извести дека Полска, како членка на НАТО и на Европската унија, во четвртокот ги подигнала своите борбени авиони.

Тоа беше превентивна мерка преземена по руските воздушни напади врз Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Страшна одмазда на Русите, го бомбардираа Киев со проектили: Има мртви и ранети (ФОТО)