Поради коронавирусот урнат рекорд за најдолгиот комерцијален лет

Сподели со своите пријатели

Во фазата на ширење на коронавирусот, имаме многу новости за летовите, а една мала пацифичка авиокомпанија незабележано собори голем број на светски рекорди.

Loading...

Air Tahiti Nui 787 штотуку го заврши најдолгиот комерцијален лет на светот досега, како и најдолгиот домашен лет.

За време на патувањето од Папете во Тахити кон Париз, Франција, авионот патувал цели 15.715 километри, а летот траел 15 часа и 45 минути.

Што се случува кога во авионот нема лекар, а некому му е потребна помош?

Рекордот за редовна комерцијална услуга го задржа Сингапур ерлајнс за својата рута помеѓу Сингапур и Њујорк која е 15.134 км.

Обично, патувањето подразбира запирање во Лос Анџелес, но поради новите регулативи поради коронавирусот во САД, донесена е одлука патувањето да се одвива во еден чекор.

Летот TH64 полетал од Папете во 3 часот по полноќ по локално време на 15 март и слетал во Франција во 16:40 часот на 16 март, исто така, по локално време.

Патник случајно ги отвори вратата додека авионот слетуваше (ВИДЕО)

Loading...

И покрај дометот на авионот „Боинг 787-9“, кој обично изнесува 14.800 километри, веројатно е дека авионите не биле во полн капацитет заради светскиот пад на патувањето.

Секој од авионите има 30 места во деловната класа, 32 премиум места и 232 места во економска класа.

Минатата година, Qantas полета на неколку тест летови помеѓу Лондон и Сиднеј и Њујорк и Сиднеј. Овие летови надминаа 17.800, односно 16.200 километри, но во авионот имало малку патници и багаж за да се намали тежината, со што се согорувало помалку гориво за да патува на долги растојанија.

Како патниците во авионот да се заштитат од коронавирусот?

Топ 10 најдолги летови во светот:

Сингапур – Неварк, Сингапур ерлајнс, 15.348 км

Доха – Окленд, Катар ервејс, 14.535 км

Лондон – Перт, Кантас, 14.500 км

Loading...

Окленд – Дубаи, Емирати, 14.199 км

Лос Анџелес – Сингапур, Јунајтед ерлајнс, 14.114 км

Хјустон – Сиднеј, Јунајтед ерлајнс, 13.834 км

Сиднеј – Далас, Кантас, 13.804 км

Њујорк – Манила, Филипин ерлајнс, 13.710 км

Сан Франциско-Сингапур, Јунајтед ерлајнс и Сингапур ерлајнс, 13.592 км

Јоханесбург – Атланта, 13.581 км


Loading...

Leave a Reply