Полска не се откажува од воените репарации од Германија

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервју за германскиот весник „Билд“ го повтори барањето на Варшава за воени репарации од Германија, поради уништувањето за време на Втората светска војна, и укажувајќи на ситуацијата во Украина, рече дека доколку Берлин го стори тоа и не презема одговорност за злосторствата од минатото, тоа нема да може да се бара ниту од Москва.

Loading...

Моравјецки во интервјуто ја спореди поранешна Германија со денешна Русија и нејзината агресија врз Украина.

„Вашата благосостојба, богатство, барем делумно, се заснова на кражба на полски куќи, фабрики, имот. Вашите предци се одговорни за тие злосторства од минатото“, изјави Моравјецки на повоената генерација во Германија.

Тој додаде дека таа одговорност треба да ја преземат потомците, бидејќи ако тоа не се направи, тогаш нема да може да се бара одговорност од Русија за нејзините злосторства, кои, како што вели, војската на Путин во моментов ги прави во Украина.

„Затоа ги прашувам Германците – дали сакате Русија да помине без казна, без компензација за соседите по оваа војна. Мислам дека повеќето Германци не го сакаат тоа“, рече полскиот премиер.

Тој побара од Германците да преземат одговорност за злосторствата и масовните убиства извршени во Полска за време на Втората светска војна.

Тој признава дека вистинскиот момент за вакво барање бил пред 70 или 50 години, но бидејќи тоа не се случило, сега Полска го поставува своето барање.

Комисијата на парламентот во Варшава на почетокот на септември поднесе извештај според кој штетата што ја предизвика нацистичка Германија во Втората светска војна во Полска изнесува околу 1,3 трилиони евра.

Loading...