Полицијата во Куманово отпочна кампања за безбедност во сообраќајот (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност денеска во Куманово ја реализираа кампањата за побезбеден сообраќај под мотото „И јас и ти, сите сме пешаци“.

Loading...

 

 

Студентите на факултетот за безбедност и припадници на сообраќајната полиција денеска поделија флаери со едукативна содржина како учесниците во сообраќајот да се заштита себе, но и останатите.

 

 

Loading...

Како што изјави деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски, кампањата има цел особено да допре до младите и да ги заштити.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект

– Со оваа кампања сакаме особено да им се обратиме на помладите да ги заштитиме и да бидат повнимателни за себе и за другите учесници во сообраќајот. Навистина не се убави сликите што се емитуваат по медиумите кога гледаме дека семејства тажат по своите загинати членови и затоа сите заеднички треба да одговориме на овој предизвикизјави деканот Дујовски.

 

 

Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски, кампањите даваат резултати, а тоа го покажува и статистиката која вели дека во првите три месеци лани имало 28 жртви во сообраќајот, а оваа година 18.

– Во март имаме четири жртви, споредено со минатата година тоа е четири пати помалку затоа што минатата година имавме 16 жртви во сообраќајот. Но, за нас и една жртва е многу и затоа интензивно продолжуваме и со овие превентивни кампањи, но и со репресивните односно со санкционирање на оние што не ги почитуваат правилата за да имаме што е можно побезбеден сообраќај, изјави Ангеловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

 

Loading...

 

Според портпаролот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на Патиштата Дејан Андоновиќ, пешаците се најмасовни учесници во сообраќајот, но и најнедисциплинирана категорија.

– Пешаците се најмасовна, најранлива, но и најнедисциплинирана категорија на учесници во сообраќајот, сите сме првин пешаци, па потоа се друго и во сообраќајот треба да знаеме дека нема апсолутна предност и оттаму почитувајте ги правилата и прописите, пропишаната сообраќајна сигнализација, преминувајте улица таму каде што е означено, изјави Андоновиќ.

 

 

Инаку, како дел од кампањата, СВР Куманово имаше дефиле и со автомобилите и моторите кои ги користи сообраќајната полиција.

Loading...

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски