Полицијата не ги пронашла дома дел од изолираните кумановци

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција вчера при контрола на кумановците во домашна изолација, дел не ги пронашла дома, по што од СВР Куманово најавуваат соодветни поднесоци.

Loading...

– Во текот на 17.03.2020 година, при вршење на контролите две лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација од ДСЗИ првично не биле пронајдени дома и против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираат од полицијата.

Исто така, од страна на СВР Куманово секојдневно се вршат и контроли на странски патнички моторни возила, како и контроли во поглед на тоа дали од страна на угостителските објекти се почитуваат насоките дадени од Владата на РСМ.

СВР Куманово презема мерки и активности согласно владината одлука и мерките и препораките за превенција, контрола и заштита од вирусот Ковид-19. Притоа, на територијата која ја покрива СВР Куманово (Општина Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Крива Паланка, Ранковци и Кратово) од страна на УПС при СВР Куманово редовно се вршат контроли на лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација од ДСЗИ, како и на лица со наредба за изолација од Министерство за здравство.

Никола Ивановски

Leave a Reply