Пред неполн половина час, полицијата ги острани блокадите поставени на двете улици во Куманово кои водат до зградата на СВР Куманово.
Сообраќајот во тој дел на градот се одвива нормално, и не се забележува посебна зголемена присутност на полицијата, освен неколку полицајци кои патролираат околу зградата на СВР Куманово.
Зошто беа поставени блокадите и отстранети откако беа поставени во четврток навечер, засега останува непознато за граѓаните на Куманово.