Жителите на кумановската населба “Дива насеље” според сликите кои кружат на социјалните мрежи веќе се навлезени во населбата откако акцијата заврши, а оклопните возила на МВР го напуштија теренот некаде после 19 часот.
Неофицијално, според детонацијата која одекна веднаш потоа, се работи за деминирање на поставени мини.
„Нашите служби вршат деминирање, со цел да нема жртви. По завршување на деминирањето, може слободно да се вратите. Булеварот нека биле слободен. Можно е до вечер да се заврши деминирањето. Затоа Ве замолуваме, не вршете притисок. Работиме најбрзо што можеме“, изјави припадничка на МВР која им ја објаснува ситуацијата на жителите во Куманово.
Во моментот ќе се упатиме на лице место за да видиме што се случува во населбата Тоде Мендол.