По повод одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на свеченоста што ќе се одржи во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Настанот е закажан да започне во 09:00 часот, а во рамките на програмата премиерот Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните.
Во Пелинце традиционално се одбележува еден од најзначајните државни празници – Илинден, со кој се оддава почит на историските настани и на борбата за слобода и државност на Македонија.
Поради посетата на Мицкоски и други членови на Владата, сообраќајот кон Пелинце во одреден момент ќе биде во прекин.
Никола Ивановски

