Полагањето на возачки испит во оваа земја трае само неколку минути

Сподели со своите пријатели

Покрај полагањето на писмениот дел од тестот, кој е се потежок, учесниците се соочуваат и со строги критериуми при самиот возачки испит, па не ретко се случува некој да добие дозвола дури по неколкукратно полагање на овој тест.

Loading...

Но, правилата не се исти во сите земји во светот.

Британски Експрес пишува дека полагањето за возачка е најлесно во Индија, а за да добијат возачка дозвола возачите треба да возат право, да свртат и евентуално да тргнат во рикверц.

Тоа е за тоа.

Со повеќе од 10 милиони возачки дозволи кои се издаваат во Индија секоја година, на земјата секако не ѝ недостасуваат учесници во сообраќајот, без разлика дали се на две, три или четири тркала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Избрани 50-те најсекси мажи на сите времиња: Дали се согласувате со овој избор?

Меѓутоа, додека кандидатите во повеќето земји ги полагаат возачките испити на градските улици, патиштата во повеќето индиски градови се преполни со возила, што значи дека многу тестови се одржуваат на приватни улици и во многу случаи на паркинзи.

Освен краткиот возачки испит, кој трае само неколку минути, учесниците треба да одговорат и на 20 прашања, но доволно е да дадат само девет точни одговори пред да ја добијат дозволата.

Јутарњи лист објави дека Хондурас неодамна вовел испит за нови возачи.

Loading...

Во оваа земја никогаш не сте морале да положите возачки испит за да ја добиете вашата дозвола, меѓутоа, Хондурас неодамна воведе едноставен писмен тест, но без возачки испит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто некои луѓе имаат фетиш на стапала? (ВИДЕО)

Хондурас има особено висок број на сообраќајни несреќи со 16,7 смртни случаи на патиштата на 100.000 жители.