Подољак: Русите ја гаѓаат рутата на мисијата на МААЕ

Сподели со своите пријатели

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска ги обвини руските сили за напади врз градот Енергодар, во чија околина се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, која денеска треба да ја посети мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Loading...

Подољак рече дека она што се случува денес околу нуклеарната централа ја покажува „вистинската тежина на руските гаранции за секој посредник“, пренесува Гардијан.

– Русија врши демонстративни напади врз Енергодар, насочени кон официјалната рута на мисијата на МААЕ, за да ја обвини Украина. Куќи беа уништени. Тоа е демонстрација на првиот интерес на Русија за инспекцијата – додаде Подољак во објава на својот Твитер профил.

Нуклеарната централа Запрожје, најголемата во Европа, од март е под контрола на руските сили.

Руската и украинската страна со денови разменуваат обвинувања за гранатирање нуклеарна централа, што предизвика страв од нуклеарна катастрофа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.