Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, тврди дека Русија веќе е подготвена да побегне од Крим.
Подољак верува дека Русите ќе почнат да бегаат од полуостровот откако Крим е целосно во опсегот на оган на украинските сили, пренесува Униан.
Според Подољак, преземањето на Крим е прашање на време.
Тој оцени дека Украина мора да оди до крајот на војната, инаку нејзините деца повторно „ќе ја платат цената за правото на државата да постои“ за 3-5 години.
Во 2014 година Русија го анектираше полуостровот Крим, по референдумот на тој полуостров на кој мнозинството граѓани гласаа за приклучување кон Русија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.