Во организација на НВО ”Доверба” , денес во Куманово се одржа работилница во рамки на проектот за самохрани мајки, спроведен во соработка со АВРМ, Министерството за труд и социјална политика, Центрот за социјална работа и останати невладини организации.
Дивна Јакова, претседател на невладината организација ”Доверба”, вели дека проектот кој вклучува 20 самохрани мајки од различен етнички состав од Куманово, во текот на три месеци, имаше за цел да ја разработи проблематиката на ова категорија граѓани, со цел самохраните мајки да добијат шанса за интегриран пристап, односно, се работеше за составување група за самопомош со размена на искуства, за да самохраните мајки продолжат со животот нормално и покрај товарот кој го носат како самохрани родители.
[huge_it_gallery id=”89″]
Потребата да се работи со самохрани родители лежи во фактот што бројката на ова категорија граѓани се зголемува секоја година, вели Сунчица Димитриоска, универзитетски професор.
Според Димитриоска, за да се остварат правата на самохраните родители, потребна а поголема координација на институциите.
Христина Алексовкса, невработена самохрана мајка, вели дека на работилницте, самохраните мајки биле информирани за нивните права, рехабилитација и справување со стрес, како и зголемување на самодовербата и личниот развој.