Почнав да пијам три литри вода дневно и резултатите веднаш започнаа да се забележуваат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите знаат дека внесувањето доволна количина на течности е важно за здравјето. Водата ги подмачкува зглобовите, го штити ‘рбетниот столб и останатите чувствителни ткива и помага кај регулација на температурата на телото.

Loading...

Сето ова има смисол, затоа што таа чини 60% од телото на возрасниот човек. Само 43% од луѓето пијат помалку од четири чаши вода дневно, 36% една до три чаши, додека седум проценти воопшто не пијат вода, покажало истражувањето од 2013 година.

Дали е подобро да се пие ладна или топла вода?

Кога се одлучив да ја започнам оваа диета, првата идеја беше да ја подобрам состојбата на кожата. Запознав девојка, која пиеше три литри вода дневно и се реши од акните. Да се разбереме, немам очајна кожа, но животот во градот, изложеноста на загадување и стресот го направија своето.

Секое утро се будев и пиев чаша вода. Го правев тоа еден час пред да излезам од дома. Кога би дошла на работа, пиев само вода од поголема шаша и цевче. Од некоја причина, тоа што пиев низ цевчето ми гомогна во организмот да внесам поголема количина вода.

Првите неколку дена бев свесна дека се трудам за да ја исполнам задачата, но потоа само запишував и водев евиденција колку чаши вода имам испиено. Одев и по седум пати до тоалет само додека бев на работа. Како и дома, еден час пред поаѓање не.

Заборавете на водата со лимон: Ова е новиот хит за слабеење и детоксикација

Веднаш чувствував промени. Чувствував дека имам вишок енергија, додека сувата кожа ми стана мека. Се решив од навиката постојано нешто да грицкам. И натаму јадев ист број на оброци секој ден, но порциите ми беа помали. Исто така забележав дека порите на лицето ми се намалени.

Loading...

Помалку ми пречеше и беше досадно секој час да одам во тоалет. Имав среќа на на работа тоалетот се наоѓаше во близина на канцеларијата, во спротивно не би препорачала на некој кој мора да пешачи.

Ако сте радознали, со задоволство би ви препорачала да ја пробате оваа диета и да ги видите позитивните ефекти на своето тело. Меѓутоа имајте на ум дека прекумерното внесување на вода може да биде штетно и да предизвика отекување на мозокот. Затоа би било најдобро со лекарите да проверите колкав износ би одговарал на вашето тело.

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: 5 ситуации кога не е добро да пиете вода

 

Leave a Reply