Почна асфалтирање на „Шумски пат“ во кумановската населба Бедиње

Сподели со своите пријатели

Почна асфалтирање на улицата Трајко Јовановски – Кмет, познат како „Шумски пат“ во кумановската населба Бедиње, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

Улицата целосно ќе се реконструира, ќе се гребе асфалт, ќе се постави нов. Вкупно, улицата е во должина од 950 метри.

– Предвиден е машински ископ, гребење, поставување нов асфалтен слој од пет сантиметри. Оваа улица е доста оштетена и сега се надеваме дека ќе обезбедиме подобри услови за движење на пешаците и на возилата, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Вкупно, ќе биде поставен асфалт од 3.850 метри. За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 2, 7 милиони денари. На тендерот избрана е фирмата „Кооп Инженеринг“ од Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

Од одделението за комунални дејности, информираа дека денеска почнува реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Веселин Вујовски“, а од утре почнува асфалтирање на „Сава Ковачевиќ“ кај Ургентен Центар и „Титова Митровачка“ во наелбата „Гоце Делчев“.

МИА