Како што информира порталот за временска прогноза, метеопро.мк, во текот на утрото се очекува појава на слаба, локална котлинска магла. Повеќе услови за истата ќе има во котлините од јужната половина на Република Македониј, како и локално долж Поварадарието.
Денот ќе биде претежно сончев, со мала до умерена облачност. Наутро ќе имаме релативно ниски температури и тоа од 8 степени во котлините, а на повисоките места во интервал од 2 до 5 степени целзисуови, додека дневниот максимум ќе изнесува од 19 до 21 степен.
Во Куманово по утринската тепмература од 10 степени не очекува релативно сончево време со дневна максимална температура од 19 степени. Ќе дува умерен ветер со брзина од 20 километри на час од југоисточен правец.
Слично време не очекува и утре, а во сабота и недела можни услови за слаби врнежи од дожд и повеќе облачни периоди, пренесува порталот accuweather.