По смртта на родилка и дете, нов смртен случај на клиниката во Скопје

Сподели со своите пријатели

По веста дека во Гевгелија поради наводна лекарска грешка починаа родилка и дете, вчера на Клиниката за гинекологија и акушерство почина 38 – годишна трудница која била во петтиот месец од бременоста.

Loading...

Според првичните и засега непотврдени информации, трудницата починала од последици од прекумерно крварење и сепса. Причината за смртта ќе биде позната по завршувањето на обдукцискиот наод, соопштуваат националните медиуми.

Како што јавува новинската агенција НЕТПРЕС, починатата трудница се јавила на Клиниката во Скопје со веќе починат плод, по што лекарите и покрај укажаната помош, не успеале да ја реанимираат од последиците настанати при сепса.

Инаку, како што предмалку јави МТВ, двајцата лекари- анестезиолози од гевгелиската болница биле во алкохолизирана состојба при порадувањето на 32-годишната родилка Маја Кадиева од Дојран, покажала анализата на крв. Кадиева и нејзиниот плод починаа во четвртокот навечер поради лекарска грешка, обвини нејзиниот сопруг.

Фото: build.mk