Семејството од Кина станало сомнително откако нивното милениче, за кое мислеле дека е тибетски мастиф, не престанувало да расте и јадело се повеќе и повеќе. Покрај тоа, одело на две нозе…
Кога Су Јун го донела своето „кученце“ домашно милениче на нејзиното семејство пред две години, таа се изненадила колку јадело кучето. Кога го купила кучето, и рекле дека станува збор за тибетски мастиф, кој обично расте до 70 см во висина и тежи околу 80 килограми.
– За еден ден, тој изеде цела кутија овошје и две порции јуфки – изјави таа за кинеските медиуми.
Кога нивниот „тибетски мастиф“ по две години достигнал тежина од 113 килограми, тие станале сомнителни. Покрај тоа, тој покажач некои необични таленти за куче, како што е одење на две нозе.
„Колку растеше, толку повеќе изгледаше како мечка, а јас малку се плашам од мечки“, рече Су Јун, кој живее во село во близина на градот Кунминг во провинцијата Јунан.
Животното сега е преместено во Центарот за заштита на диви животни во Јунан, откако семејството побарало помош од нив.
Кога дошле по мечката, експертите биле толку исплашени што ја заспале пред да ја пренесат, пишува Independent.co.uk.
Тоа е азиска црна мечка, која чини десетици илјади долари на црниот пазар.