Плус билет – нова категорија билет во Wizz Air

Сподели со своите пријатели

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа, ја објави својата нова категорија при купување на нивните авио билети.

Loading...

 “Плус билет” е додатна опција на Wizz Air-овиот “Основен билет” и вклучува поголема флексибилност за патниците.

Како доплнување на авио билетот,  “Плус билетот” вклучува 32кг чек-ин багаж, поголем рачен багаж, аеродромски чек-ин, WIZZ Flex за промена на датумот на летот, избор на седиште и приоритетни бординг услуги.

“Плус билетот” им нуди на корисниците пониски пакет цени од  “Основниот билет” (обичен авио билет) и износот на одделните услуги, ако се платат поединечно. Со цел корисниците да се насочат кон оваа нова понуда, продажбата на WIZZ Premium и Premium Plus услугите е укината.

“Плус билетот” сега е достапен на wizzair.com, а ќе биде достапен и на мобилните апликации во текот на следните месеци.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *