Пилоти заспале за време на лет на височина од 11.277 метри

Сподели со своите пријатели

Прилично загрижувачки инцидент и се случи на најголемата африканска авиокомпанија откако двајца пилоти заспале за време на летот.

Loading...

Пилотите заспале на висина од 11.277 метри.

Авиејшн хералд“ го објави инцидентот што се случи на лет од Картум, главниот град на Судан, до Адис Абеба, главниот град на Етиопија.

Боингот 737-800 летал за Етиопијан ерлајнс до Адис Абеба кога пилотите заспале на височина од 11.277 метри.

Авионот продолжил да лета, одржувајќи ја својата траекторија и висина.

Контролата на летот се обидела неколку пати да стапи во контакт со пилотската кабина кога требало да слетаат, но безуспешно.

Откако поминале и ја прелетале пистата, автопилотот се исклучил и се вклучил алармот, што го разбудило екипажот, кој потоа го пренасочил авионот и безбедно слетал.

Авионот се држел на земја околу два и пол часа пред да му биде дозволено повторно да лета.

Loading...

Новинарот и аналитичар на воздушниот сообраќај Алекс Мачерас на Твитер истакна дека заморот на пилотите не е ништо ново, но сепак е една од најголемите закани за безбедноста на воздушниот сообраќај.