Пијан скијач загина по пад од жичарница

Сподели со своите пријатели

Пијан скијач загина откако падна од кабина на жичарница од височина од 40 метри во ски-центарот Ле Ду Алп на француските Алпи.

Loading...

Маж (29) во друштво на пријател (23), кој исто така бил под дејство на алкохол, го скршил пластичното стакло од кабината на жичарницата, паднал од голема височина на земја и останал мртов на лице место, пренесува британски Тајмс.

Францускиот државен обвинител Ерик Вајан изјави дека загинатиот маж, висок 188 сантиметри и тежок близу 100 килограми, за време на возењето се фрлил на внатрешните ѕидови на кабината на жичарницата, кои се направени од плексиглас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Француското јавно обвинителство во Гренобл соопшти дека двајцата мажи се снимале пред несреќата и дека се однесувале бурно.

Вајан додаде дека во врска со оваа несреќа е покрената истрага која ќе ја испита безбедноста на кабините на жичарницата.

Директорот на ски-центарот Ле Ду Алп, Фабрис Буте, тврди дека кабините на жичарницата се безбедни и направени да бидат отпорни на разни можни инциденти, пренесува Танјуг.