Петти топлотен бран во Индија ова лето: Измерени речиси 50 степени

Сподели со своите пријатели

Интензивни топлотни бранови ги погодија северните делови на Индија, а температурата достигна рекордни 49,2 степени целзиусови во делови од главниот град Њу Делхи.

Loading...

Метеоролошките извештаи покажуваат дека ова е петти топлотен бран во главниот град на Индија ова лето, јавува Би-Би-Си.

 

Дојава за бомби во 97 училишта во Белград

 

Официјални лица во многу делови од земјата побараа од луѓето да преземат мерки на претпазливост и предупредија дека жештината може да се смета за ризик по здравјето за ранливите луѓе, вклучувајќи новороденчиња, постари лица и луѓе со хронични болести.

Државите Химачал Прадеш, Харајана, Утараканд, Пенџаб и Бихар се особено погодени од високи температури во последните неколку дена, соопшти индискиот метеоролошки оддел.