Петрушевски: Наместо палми – Куманово наесен ќе добие преубав градски парк

Сподели со своите пријатели

Денешниот напад на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ го сметам за тендециозен во услови кога градските советници од опозициската партија знаат дека тендерските постапки со кои раководат нивни луѓе, ќе бидат одобрени наскоро, за да во септември го завршиме проектот на заживување на градскиот парк, вели Сашо Петрушевски, директор на ЈП ”Чистота и зеленило” како одговор на обвинувањата дека јавното претпријтие не прави ништо за да граѓаните имаат место за одмор во летните горештини.

Loading...

– Во текот на летото очекуваме тендерските постапки да бидат завршени, а тука говорам за набавка на нови клупи, канделабри и ограда која ќе го заштити стариот – нов парк од можен вандалски чин. За разлика од другите општини во кои преку ноќ никнаа палми кои се нетипични садници за овие простори, а за што беа потрошени огромни парични средства, без да ги заборавиме врбите во реката Вардар кои се исушија за кратко време, ние во нашиот град ќе се потрудиме, стариот градски парк да биде место за разладување и прошетки налик градските паркови во европските метрополи, вели Петрушевски.

Директорот очекува во септември да започнат и првите градежни работи за заживување на градскиот парк лоциран спроти Автобуската станица во Куманово, додавајќи дека дрвата кои се исечени,  се отстранети од страна на ЈП ”Македонски шуми”, и на тоа место во пролет беа насадени педесетина нови садници, заедно со проектот за пошумување на сообраќајницата од нас. Карпош кон влезот на Куманово кога беа засадени 200 нови садници во форма на дрворед.

Изјавата на Петрушевски доаѓа како одговор на денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово, и обвинувањата дека локалната самоуправа, во случајот ЈП ”Чистота и зеленило” не инвестираат во разубавување на зелените јавни површини во градот.