Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што денеска ја погоди Хрватска.Главнот град Загреб исто така претрпе големи штети.
Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, а спасувачите трагаат по преживеани, објави телевизијата Н1.
Поврзано:
- Земјотресот во Петриња го почувствувале шест милиони луѓе
- Хрватската армија оди да му помогне на Петриња
- Потресна изјава на градоначалникот: Ми го нема половина град во него не може веќе да се живее
- Прекината работата на нуклеарката Кршко поради силниот земјотрес во Хрватска
- Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што ја погоди Хрватска
- Дете загина во земјотресот во Хрватска
- Земјотрес во Хрватска, во централниот дел на Петрињ урнати речиси сите куќи (ВИДЕО)
- Загрепската полиција ги предупреди граѓаните автомобилите да се користат само во итни случаи
Сите расположливи противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња, каде спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините. Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ потврди дека засега има информации за едно загинато дете.
Луѓето се на улица, јавуваат хрватски медиуми. Во Петриња во прекин се телефонските врски.
Во Загреб има сообраќаен колапс по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а полицијата ги повика граѓаните да користат лични возила само во итни ситуации.
Загрепската полиција ги повика граѓаните да следат други препораки во случај на земјотрес.
Поголемиот дел од градот е без струја, а на улиците има сообраќаен колапс, по земјотресот, чиј епицентар беше во близина на Петриња, јавија хрватски медиуми.
Претходно хрватската полиција ги повика граѓаните да излезат на отворено доколку се во можност и да се оддалечат од зградите што се во опасност да се урнат по денешниот силен земјотрес.
Златко Шумковски