Дете загина во земјотресот во Хрватска

Сподели со своите пријатели

Дете загина во силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска, јави „Јутарњи лист“. Весникот наведува дека мајката, чие дете загина во Петриња откако, најверојатно, врз него паднала греда, е во шок и во моментов и се укажува медицинска помош.

Loading...

Првите извештаи покажуваат дека има повредени и дека материјалната штета е голема.

Поврзано:

Првите слики од Петриња се драматични, има голем број урнатини по денешниот земјотрес.

Во центарот на Петриња, кој денеска го погоди силен земјотрес, се урнаа речиси сите куќи, пренесува Јутарњи лист.

 

 

Loading...

Во својата прва изјава по уште еден силен земјотрес со јачина од околу 6,3 степени, што го погоди Петриња околу 12:20 часот, градоначалникот  Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена до Петриња.

Во најтешко погодениот град пристигнуваат и 300 припадници на Хрватската војска. Локалните власти бараат граѓаните да ги користат своите лични возила само во итни случаи.

„Извлекуваме луѓе од автомобили, не знаеме бидејќи имаме загинати и повредени, слушнав и дека се урна градинката, но за среќа немаше деца во градинката, додека други деца се сапсени од другата градинка.

 

 

– Владее општа паника, луѓето бараат свои под урнатините, додаде тој, повикувајќи секој што може да помогне на Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата.

Премиерот Андреј Пленковиќ најави дека веднаш заминува во Петриња, кое е најсилно погодено.

Loading...

Земјотресот, бил со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала со епицентар во близина на Петриња, 45 км југозападно од Загреб.

Жителите на Загреб исплашени и вознемирени излегоа од своите домови на улица.Во голем дел од градот нема струја.

Подоцна беа регистирани уште два големи потреси од околу четири степени по Рихтер. Тоа е втор силен земјотрес што го погоди Загреб во оваа година, првиот се случи на 22 март.

Земјотресот беше почувствуван и во  Србија и Босна и Херцеговина – се тресеше во Белград и Бања Лука, Сараево, Краина и Зеница.

Leave a Reply