Петгодишно момче ја памети својата смрт: Бев женско и страдав во пожар (видео)

Сподели со своите пријатели

Мајка на едно петгодишно момче тврди дека тој се сеќава на својот претходен живот. Тој вели дека бил Афроамериканка која починала откако скокнала од зграда.

Loading...

Лук Руехлмен од Охајо, наизглед е сосема нормален петгодишник. Неговата мајка, Ерика цврсто е убедена дека тој се сеќава на претходниот живот кој завршил во 1993 година.

Иако родителите никогаш не му зборувале за реинкарнација, тој откако проговорил започнал да го опишува претходниот живот. Се започнало така што сите работи ги нарекувал Пам и бил опседнат со тоа име.

Зборува дека бил девојка и дека имал црна коса и обетки како моите – вели неговата мајка за Фокс 8.

Кога Ерика започнала да го испрашува за Пам, тој објаснил дека тој бил Пам и дека јасно се сеќава дека кога се разбуил бил бебе и тие го нарекле Лук, објаснило момчето.

Ерика тврди дека својата приказна Лук ја раскажал низ факти кои никако не можел самиот да ги знае. Октрил дека, меѓу другото живеел во Чикаго. Ерика сега располага со три факти, неговото име, причината за смртта и местото на живеење.

Започнала ад истражува и нашла видео вести од 1993 година. Еден од прилозите бил посветен на пожар во хотелот Пакстон кога од крво на зградата скокнала Памела Робинсон, а во пожарот загинале вкупно 19 лица.

За момчето во муѓувреме се заинтересирал и продуцент на телевизиска емисија за паранормални активности. О неа пред момчето ставиле неколку фотографии од Афроамериканка во 30ти години, а Лук без размислување покажал на сликата на Памела и рекол дека тоа е жената која тој бил во претходниот живот.

Ерика на крајот успеала да дојде до семејството на памела и заедно заклучиле дека имале необично многу заеднички карактеристики и интереси.

Loading...