Јадењето овошје за појадок е здрав начин на живот. Пробајте го ова за себе и ќе ги видите придобивките.
Еве 5 од нив:
Овошје за појадок е совршен начин да се разбудите,затоа што дигестивниот систем и метаболизмот се “будат”, без остри удари на кафе или масна храна.
Ако јадете доволно овошје за појадок, нема да барате кафе, затоа што природните овошни шеќери го чуваат мозокот остар и полн со енергија.
Помеѓу 7-11 часот сабајле телото прави најтешка детоксикација, затоа јадење на овошје (особено во ова време) ја обезбедува потребната енергија која се користи за детоксикација, наместо залудно трошење на варење на тешка и масна храна.
Овошје за појадок ги регулира движењата во дебелото црево. Влакната од овошјето го чистат дебелото црево, оставајќи ви вам, чувство на олеснетост, освеженост и подготвени за работните обврски.
Луѓето кои јадат само овошје за појадок се покажа дека се потенки и поздрави, а секако и повеќе продуктивни во текот на денот.