Кумановските атлетичари изминатиот период остварија низ ауспеси на домашната атлетска сцена, меѓу кои и пет медали од Државното првенство во фрлачки дисциплини, а беа дел и од подготовките во Бугарија, како и Истанбул куп во Турција.
На одржаното државно фрлачко првенство направивме можеби и најдобар успех во поглед на освоените медали во сите категории, пионери, под 18 и 20 години, но најважното сениорските титули, АК Куманово имаше освоено речиси сите сениорски титули. Марјан Нојковски победи во ѓуле и во дикс, Матеја Ефремовска во сите женски конкуренции за фрлање, диск, ѓуле и копје, остварија право за учество на Европскиот куп на фрлачки дисциплини, меѓутоа оваа година нема да се настапи федерацијата, поради поголеми патни трошоци – изјави Филип колевски, тренер на АК Куманово.
Младинските членови Милан Вељковиќ и Иван Тимчевски поради драстично студената зима и недостиг од затворен prostor за одржување на тренинзите биле со намалена спортска подготвеност, па имаат остварено и послаби резултати од очекувањата, но тоа не ги разочарува да продолжат понатаму.
Loading...
Вељковиќ е во надеж дека летово ќе може да замине и на Светското првенство во атлетика кое ќе се одржи во Кенија.
Првин бев на припреми во Бгарија, во Добрич, таму бевме 10 дена и на крајот на припремите имавме контролен натпревар каде истрчав солидно, можеби не толку добро како што очекував, но не беше лошо, потоа настапив на балканското првенство до 19 години во Истанбул и таму истрчав доста послабо од тоа што очекував па така тоа ми е сега мотивација за да ги поправам грешките што таму ги направив – изјави Вељковиќ.
Тимчевски активно се подготвува за крос трката која ќе се одржи наредната недела, а е во надеж дека ќе го освои првото место спортскиот настан.
Првин треба да ги спомнам подготовките во Добрич од 10 дена кои добро ме подготвија за Државниот антпревар во Бугарија, таму истрчав некој добар резултат, кој што беше доволенз а да изборам место за Балканското првенство до 19 години, акде немав баш најдобар резултат, но тоа е еден вид искуство и ми беше доста драго што учествував, ја видов конкуренцијата која во наредните години ќе ми биде конкуренција на натпреварите – изјави Тимчевски.
Свој настап во Добрич и Истанбул имаше и Катерина Тимчевска која оствари критериум за учество на сениорското Балканско првенство каде освои деветто место што воедно е и најдобар пласман на македонските атлетичари во конкуренција од 17 земји.
Во следниот период акцентот ќе биде ставен на кросевите, а потоа и повеќе митинзи во Бугарија кои ќе бидат подготовка за други меѓународни натпревари.
фото: архива