Македонските пчелари годинава ја зголемија цената на медот за 40 %. Една тегла мед се продава по 350 денари или 5 евра.
Loading...
Пчеларите од земјава кои овие два дена се во Штип велат дека причините за зголемувањето на цената е недостатокот на овој производ на пазарот, зголемените цени на останатите производи, но и новиот начин на производство на мед согласно законските прописи.
Причините за се помалку мед на пазарот се се повисоките температури, кои влијаат на пчелите и нивниот принос.