Пеколот во Лос Анџелес се уште не е завршен: Пристигна ново предупредување од метеоролозите!

Сподели со своите пријатели

Националната метеоролошка служба на САД предупреди дека следната недела повторно се очекуваат опасни временски услови во областа на Лос Анџелес.

Loading...

Како што се наведува, иако се очекува слабеење на ветровите кои го отежнуваат гасењето на пожарот, прогнозите за следната недела се загрижувачки, пренесува CBS News.

„Иако сме уверени дека нема да видиме повторување на условите од минатата недела, се очекуваат опасни временски услови подложни на пожари“, се вели во соопштението на метеоролошката служба.

Во пожарите кои беснеат во Лос Анџелес од 7 февруари загинаа најмалку 25 луѓе и уништија повеќе од 12.000 згради.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен: Хамас регрутирал онолку милитанти колку што изгубил во израелските напади

Три лица уапсени во Калифорнија поради подметнување пожари

Полицијата во Калифорнија уапсила вкупно три лица поради подметнување на пожарот.

Две лица се уапсени во Лос Анџелес. Во еден случај, жител на Лос Анџелес изгаснал пожар на дрво и фатил осомничен кој признал дека го подметнал пожарот бидејќи „му се допаѓа мирисот на запалените лисја“, пишува ABC News.

Вториот осомничен признал дека го подметнал пожарот за да предизвика „хаос и уништување“.

Во градот Сан Бернардино, полицијата уапсила маж кој подметнал мал пожар кој изгорел околу 34 хектари, но нема повредени или оштетувања на згради, јавува CBS News.

Loading...

Иако пожарите во Јужна Калифорнија се уште не се целосно под контрола, властите најавија дека условите за нивно гаснење почнале да се подобруваат, но дека се уште постои висок ризик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вучиќ го пофали Трамп за прекинот на огнот во Газа

Во најголемите пожари, во Палисадес и Итон, загинаа најмалку 25 луѓе, изгореа повеќе од 155 квадратни километри и уништија повеќе од 12.000 објекти.

Пожарот во Палисадес е 21 отсто локализиран и изгоре 23.713 хектари, додека пожарот во Итон, кој е оценет како најразорен во историјата на Јужна Калифорнија, е локализиран само 45 отсто.

Пожарот принуди повеќе од 82.000 луѓе во округот Лос Анџелес да се евакуираат, додека во погодените области е на сила полициски час од 18 часот попладне до 6 часот наутро.

Службата за заштита од пожари во Калифорнија предупредува на „екстремни опасности и можност за ширење на пожарот“.

Надлежните органи прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради високата концентрација на чад и честички во воздухот, кои можат да претставуваат сериозна закана по здравјето на граѓаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.000 затвореници учествуваат во гаснењето на пожарите во Калифорнија