Пекинг ја осуди средбата на тајванската претседателка со Мекарти во Калифорнија

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја осуди средбата на тајванската претседателка Цаи Инг-вен и претседателот на Претставничкиот дом на САД Кевин Мекарти во Калифорнија и нагласи дека Кина ќе го брани својот суверенитет и територијален интегритет, јави Ксинхуа.

Loading...

„Кина цврсто се спротивставува и силно го осудува овој чин“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Во средата Мекарти ја прими претседателката на Тајван во Калифорнија и ја истакна потребата да се забрза испораката на оружје за Тајван поради, како што рече, „растечката закана од Кина“.

Со оваа средба, Мекарти стана највисокиот американски функционер кој се сретнал со тајвански лидер на американско тло од 1979 година, и покрај предупредувањата и заканите од официјален Пекинг, објави Ројтерс.

Во денешното специјално соопштение на Комитетот за надворешни работи на Кинескиот народен народен конгрес, се нагласува дека активностите на Мекарти „сериозно го прекршиле она што САД и го обврзаа на Кина на Тајван“.

Тајван објави дека утринава откриле три кинески воени бродови и еден хеликоптер во близина на неговиот брег.

Тајванскиот министер за одбрана изјави дека вооружените сили ја следат ситуацијата и дека тајванските бродови и авиони имаат задача да одговорат на овие кинески активности.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...