Следната недела второ авионско прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово на 5 август (среда) ќе се спроведе второто авионско прскање против возрасна форма на комарци, со почеток во 05:00 часот, информираат од Општината.

Третманот ќе биде извршен на површина од 1.270 хектари, а ќе ги опфати теченијата на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје, како и просторот околу пречистителната станица на ЈП „Водовод“ во селото Добрашане.

При прскањето ќе биде употребен препаратот Aqua Perm-X 30-30.

Од Општина Куманово апелираат до пчеларите навреме да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на третманот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Топлотен бран ја зафаќа Македонија, температурите ќе надминуваат 40 степени

Доколку временските услови не дозволат реализација на прскањето во предвидениот термин, третманот ќе биде одложен и ќе се спроведе првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.