Затвор за новинарка која пишувала за наука и медицина: Дарија Шипачева осудена на 12 години затвор во Русија

Сподели со своите пријатели

Градскиот суд во Москва ја осуди руската новинарка Дарија Шипачева на 12 години затвор за наводно предавство, додека Меѓународната и Европската федерација на новинари (МФЈ и ЕФЈ) побараа нејзино ослободување и ја осудија континуираната криминализација на новинарите во Русија.

Шипачева, која како фриленсер се занимаваше со научни и медицински теми и претходно соработуваше со публикациите на Форбс Русија и РБЦ, беше уапсена на 23 април 2025 година во нејзиниот стан во Москва.

Пред нејзиното апсење, таа добивала закани од ултранационалистичкото и мизогинистичко движење „Машка држава“ поради нејзините феминистички ставови, според МФЈ и ЕФЈ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека погодила две рафинерии за нафта, кои се меѓу најголемите во Русија

Судењето се одржало зад затворени врати, а деталите од обвинението не биле објавени.

Според достапните информации, постапката е покрената поради парична трансакција кон Украина.

Познаници на новинарката тврдат дека парите биле наменети за нејзин роднина кој живее во таа земја.

Шипачева се изјаснила за виновна и соработувала со истражителите.

Судот ја осуди на 12 години затвор, што е најниската казна за предавство, парична казна од 300.000 рубли и конфискација од приближно 1,56 милиони рубли.

IFJ и EFJ проценија дека новинарката е осудена врз основа на неосновани обвинувања по затворено судење кое траело околу 90 минути.

– Кремљ мора да престане да ги замолчува новинарите под лажни изговори. Дарија Шипачева и сите други притворени новинари мора да бидат ослободени – соопштија федерациите на новинари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коста: Полскиот воздушен простор е загрозен од рускиот напад врз Украина