Папата Франциск размислува за патување во Киев

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско изјави дека размислува за патување во украинскиот главен град Киев, пишува Гардијан, пренесува Ројтерс.

Loading...

На прашањето на новинар во авион од Рим за Малта дали размислува за покана од украинските политички и верски власти, Франциск одговори: „Да, на масата е“.

Тој не даде повеќе детали.

 

Норвешка ги предупреди граѓаните: Подгответе се за случај на нуклеарна катастрофа во Украина

 

Папата Франциск од денеска е во посета на Малта со цел да го сврти вниманието на мигрантската криза во Европа, која се влоши по руската инвазија на Украина.

Франциск за време на посетата најверојатно ќе ги охрабри европските земји да прифатат украински бегалци, а притоа апелира за прием на бегалци од Либија и други земји.

Loading...

Малта, најмалата земја во Европската унија со половина милион жители, долго време е во првите редови на приливот на мигранти и бегалци низ Медитеранот.

 

Тешки загуби на елитниот руски полк во Украина кој служел и на Балканот

 

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, изјави дека темата за миграцијата ќе биде на врвот на агендата на посетата, додавајќи дека приемот на украинските бегалци во Европа е „навистина за восхит“.

Папата требаше да ја посети Малта во мај 2020 година, но посетата беше одложена поради пандемијата на корона вирусот.