Озлогласена група руски платеници Вагнер распоредена во источна Украина

Сподели со своите пријатели

Платеници на озлогласената руска група „Вагнер“ се распоредени во источна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана, проценувајќи дека во земјата би можеле да бидат распоредени околу 1.000 борци на таа паравоена група.

Loading...

– Приватната руска воена група Вагнер е распоредена во источна Украина. Тие би можеле да распоредат повеќе од илјада платеници – објави Министерството на Твитер.

 

„Ако не сте имале Ковид, веројатно немате ниту пријатели“

 

Групата Вагнер, за која се верува дека е блиска до претседателот Владимир Путин, веќе дејствувала во Мали, Либија и Сирија, пренесува France Presse.

„Поради големите загуби и главно блокираниот напредок во инвазијата (на Украина), Русија веројатно беше принудена да го прераспореди персоналот на Вагнер во Украина на сметка на операциите во Африка и Сирија“, рече Лондон.

Според еден западен функционер, руските сили ги концентрираат напорите во Украина на Донбас, каде што се соочуваат со „најдобро опремените и најдобро обучените украински сили“.

Loading...

 

„Ако не сте имале Ковид, веројатно немате ниту пријатели“

 

Затоа, додава изворот, „тие се обидуваат да ги опколат сепаратистичките сили со помош на руските сили и персоналот на групата Вагнер во регионите Луганск и Доњецк“.

Групацијата Вагнер е меѓу руските компании и поединци опфатени со новите санкции, кои Лондон ги донесе во четвртокот како одговор на руската инвазија на Украина на 24 февруари.