Диего Аројо Мендес, шпкански фотограф, направил серија одлични фотографии од селскиот живот во Етипија, каде древната култуар е добро сочувана и каде традицијата се почитува повеќе од било каде во светот.
Во последните неколку години традиционалниот племенски живот во долината Омо ја загрозуваат модерните промени, па тој одлучил да забележи како традицијата паѓа пред современиот начин на живеење.
Диего сакал со својот фото апарат да ги овековечи личностите и емоциите на луѓето од оваа племе во Етиопија, за да го прикаже исчезнувањето на оваа група во долината Омо.
Со години сакав да фотографирам луѓе одовие племиња во оваа област, место кое е од огромна антрополошка важност. Тоа беше забавно и предизвикувачко патување исполнето со авантури и прекрасни искуства. Во текот на оваа авантура научин многу за културното наследство на древните племиња кои живеат во областа – вели Шпанецот.
Нему му се допаднал начинот на кој оваа племенска заедница функсионира и начинот на кој се грижат едни за други и ја почитуваат традицијата.
На Диего посебно му се допаднала церемонијата Hamar Bull во која жените се бичуваат цело време додека играат и свират на труби направени од рогови на бик, па на тој начин ја покажуваат својата среќа и гордост.
Жените своите лузни ги гледаат како доказ на посветеноста на своите мажи и се гордеат со нив.