Модерната медицна значително напредуваше во текот на последните децении, па така луѓето успеале да избришат или да потиснат одреени заболувања кои некогаш носеле илјадници животи.
Сепак, медицината е далеку од семожна, а преостанати се уште доста застрашувачки, како и ретки болести на кои лекарите едноставно немаат одговор. Од состојби кои го унакажуваат телото и предизвикуваат незамислива физичка болка до оние во кои смртта е прашање на момент, во продолжение прочитајте за седумте најстрашни болести со кои човекот може да се сретне.
Неурофиброматоза
Ова необично заболување звучи како измислено, но за жал не е. Пораднжи неа заболените по правило доживуваат пораст на бројни, најчесто бенигни творби по своето тело, односно на нервното ткиво. Тоа значи дека каде било, каде што постојат овие нерви, може да настане тумор. Со оглед дека човековото тело е прекриено со нервни завршетоци, тие творби можат да се појават било каде, влучувајќи го и мозокот и ‘рбетот. Во екстремни случаи, пацинетите може да имаат и тумори преку целата кожа со драматичен изглед.
Нома
Во медицинската заедница состојбата позната како Canrum Oris, Нома е застрашувачко заболување кое целосно го изобличува човекот. Се работи за форма на гангрена која ги напаѓа и уништува устата. Ако не се лечи, лесно може да се прошири и на останатите делови од телото. Научниците веруваат дека причина за појава е специфична бактерија која брзо се размножува кад потхранети деца и оние со ослабнат имунитет. Добрата вест е дека состојбата може да се лечи со антибиотици и подобра исхрана, но здравствениот систем во вистинско време не им е достапен на сите во светот, па ако не се лечи на време, може да настане непоправлива штета.
Комплексен регионален симптом на болка
Уште се нарекува и рефлексна симпатичка дистрофија и каузалгија, а всушност е хронично невропатска болка која се јавува по повреда на мекото ткиво или коската или пак повреди на нервите. Другите манифестации се промени на функции на автономниот нервен систем (пример пореметување на потењето и вазомоториката), моторни промени (слабост, дистонија) и трофички промени (атрофија на кожа и коски, губење на коса, контактури на зглобовите).
Освен по повреди, може да се јави и по мозочен удар или карцином. Лечењето е многу комплицирани и обично не дава големи резултати. Ако некогаш сте сктриле рака или нога, тогаш ви е позната болката, а кај оваа состојба интензивната болка трае со месеци, често и години. Кај некои пациенти траела и до самата смрт.
Браинерд дијареја
Сигурно некогаш ви се случило да јадете нешто погрешно и потоа цел ден да минете на ВЦ школката. Дијарејата како таква е многу нелагодна, но обично не остава големи последици и не трае никогаш повеќе од неколку дена. Во случајот со болеста Браинерд, ужасната болка и потребата 20 пати од голема нужда со голема дехидратација. Болеста името го добила по градот во кој за прв пат се појавила во 1993 година. Она што е најлоо е што грозните симптоми на „експлозивна дијареја“ траат и со месеци и не постои никаков лек.
Проклетството на Ондина
Иако звучи како вуду, сепак ова е реална болест за која лекарите се обидуваат да изнајдат објаснување со векови. Таа настанала како необјаснив прекин на дишењето што може да предизвика и смрт, а пред тоа обично се јавува период на хипервентилација. Првиот чекор во анализирањето била направен во втората половина од минатиот век, по проучување на ациент со тешки повреди на мозокот кој изгубил контрола над своето дишење. Тогаш научниците утврдиле дека проклетството на Ондина болест е најлош случај на апнеја. Се верува дека луѓето носат одреден ген кој ја утврдува склоноста на таа болест. Задолжително е носење маска за време на спиењето, бидјеќи го спасува животот на пациентите.
Мадура стопало
Оваа болест дефинитивно е добра причина за носење сандали на одмор. Болеста која уште се нарекува Mycetoma е најчесто предизвиката од габички или бактерии во тропските подрачја. Се карактеризира со туморски деформации на стапалото, а поретко и на дланката. На изменетата површина на кожата отвараат рани од кои тече гној.
Ритмички синром
Во Источна Африка во 2010 година пациентите од некоја непозната причина се треселе со главата во ритамот на некоја песна која не постои. Ова заболување било откриено всушност уште во 1960 година во Танзација, но бргу исчезнало. Половина век подоцна се вратила и тоа во облик на масовна епидемија. Научниците мислат дека има врска со еден паразит кој ги заразил скоро сите на истото подрачје, но зошто доаѓа до тресења на главата, тоа не е откриено.
Марбург вирус
Поголемиот дел од луѓето имаат слушнато за ебола, но не и за со неа поврзнаиот Марбург вирус. Се шири од животни на луѓе, а може да биде предизвикувач на вистинска епидемија во која се јавува грозница, тешко повраќање, кравава дријареја, внатрешни крварења, крварења од око, очи, нос. ВИрусот за прв пат се појавил во германскиот град Марбург, а се верува дека потекнал од инфициран мајмун.
Loading...