Ова бил највисокиот човек што живеел некогаш на планетата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ангус Мекаскил бил највисокиот човек на светот, кој бил висок 2 метри и 36 сантиметри.

Loading...

Интересно е што неговиот раст не бил предизвикан од хормонално пореметување или болест, а тие тврделе дека е сосема пропорционален.

Заедно со неговата огромна големина, Мекаскил поседувал и огромна сила.

Големо момче

Во младоста бил виден како крева сидро на брод тешко над 1.200 килограми до висина на градите!

Можел да носи две буриња од по 130 килограми во исто време. Тој можел да крене јарбол од 12 метри на палубата на бродот и еднаш кренал зрел коњ преку ограда од еден и пол метар.

Кога имал само 14 години, се степал со возрасен маж и го удрил со тупаница во вилицата, поради што човекот летал неколку метри и бил толку длабоко без свест што мислеле дека е мртов.

И покрај неговата импресивна и застрашувачка сила, Мекаскил тешко можел да се плаши.

Имал мек, музички глас, бил фин и културен, со длабоко сини очи и љубезна насмевка. Тој бил познат како „Големото момче“ кај луѓето од родниот остров Кејп Бретон во Нова Шкотска.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворски чуварки се впуштиле во романса со осуденик: Љубовта цветала, но стигна и казната

 

 

Циркуска ѕвезда

По некое време, бизнисменот и основач на циркус П.Т. Барнум слушнал за Ангус. Таков човек, со таква импресивна сила и големина, би бил прекрасен додаток на неговиот циркус.

Така, во 1849 година, кога МекКаксл имал 24 години, Барнум дошол на островот и му понудил место во неговата патувачка трупа.

Следните неколку години, Мекаскил ја обиколи земјата со циркусот Барнум.

Подоцна патувале во странство и стигнале до некои егзотични делови на светот како Азија и Западна Индија.

За време на неговите патувања, тој се здобил со слава затоа што застанал до „најмалата атракција“ на Барнум – човек кој настапувал под името генерал Том Палчиќ, кој бил висок само нешто повеќе од еден метар.

Loading...

Кога застанале еден до друг, екстремните височини на двајцата мажи биле уште поизразени, а публиката била воодушевена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест фрази кои негативно влијаат на емоционалната благосостојба на децата

На врвот на неговата кариера, кралицата Викторија слушнала за импресивната големина и сила на Мекаскил и го поканила да настапи во замокот Виндзор.

Во знак на благодарност му подарила два златни прстени како сувенир за да ги понесе со себе на понатамошните патувања.

 

 

Висина за Гинис

Откако му завршила кариерата во шоу-бизнисот, Ангус решил да се пензионира и да се врати во Нова Шкотска.

Таму купил мала мелница и општа продавница и брзо станал омилен во градот. Еден од неговите најексклузивни производи бил чајот, кој на клиентите им го продавал по неколку. А неговата тупаница била огромна…

Loading...

Во летото 1863 година, кога имал 38 години, додека бил на патување каде планирал да набави повеќе залихи за својата продавница, Ангус Мекаскил ненадејно и тешко се разболел.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шимпанза за прв пат гледаат човек со вештачка нога, нивната реакција кажува многу (ВИДЕО)

Откако бил вратен дома, тој починал од она што лекарите го нарекле „мозочна треска“.

Во 1881 година, Агнус Мекаскил е запишан во Гинисовата книга на рекорди како „највисок непатолошки џин“ во запишаната историја – највисокиот човек чија големина била сосема природна, пишува порталот Allthatsinteresting.

Loading...

Денеска на неговиот гроб на островот Кејп Бретон во Нова Шкотска има гроб маркер достоен за неговата огромна големина, пишува Istorijskizabavnik.rs.

Неколку предмети од неговиот дом, вклучително и огромна рамка за креветот, се изложени во блискиот музеј, служејќи како потсетник за човекот што кралицата Викторија го нарече „највисокиот и најсилниот човек што некогаш влегол во палатата“.