Отворена изложбата на Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија

Сподели со своите пријатели

Вечерва во Културно информативниот центар во Софија беше отворена изложбата Реминисценции на македонскиот сликар што работи и живее во Софија, Марјан Sингаров.

Loading...

За изложбата зборуваа доктор Иво Пецов кој говореше за аспстракното сликарство, познатиот бугарски новинар Даниел Ненчев, директорот на КИЦ др. Сашко Насев кој се осврна на естетиката и културата која секогаш гради мостови каде и да се кои и да се.

 

 

Во присуство на голем број дипломати, уметници и пријатели на КИЦ изложбата ја отвори амбасадорката на РСМ во Софија г – ѓа Агнеса Руси Поповска која потенцираше дека ќе работи во унапредување на односите на двете држави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Сликарот Марјан Sингаров емотивно ги поздрави присутните повикувајќи ги да уживаат во изложбата Реминисценции и прими благодарница од директорот на Центарот за култура Куманово Сашо Тодоровски за културна соработка помеѓу двете држави и воспоставување на соработка помеѓу градовите Русе и Куманово.

 

Loading...

 

Со овој преубав настан започна реализација на културната програма на КИЦ на РСМ во Софија за 2023 година.