Осум села останаа без електрична енергија во општина Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, поради дефект во електродистрибутивната мрежа, според извештајот испратен во 9 часот наутро, без струја се селата Старо и Младо Нагоричане, Бајловце, Бељаковце, Војник, Стрезовце, Клечовце и Новосељане.

Loading...

Без електрична енергија беше и дел од населбата Карпош.

Нема информации дали дефектот е отстранет и кои се причините за прекин на електричната енергија.