Остров до кој се доаѓа по 9 дена пловење, има 62 жители, сите потомци на еден човек (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Замислете место на кое можете да стигнете единствено со брод и тоа по цели девет дена пловидба. Тоа е единствениот начин луѓето кои сакаат да пристигнат до островот/град Палмерстон, мал корален атол на Куковите острови на Пацификот.

Loading...

На Палмерстон нема ниту една продавница. За да преживеат, луѓето риболоват, собираат кокос, а во своето слободно време прават накит, играат одбојка или пливаат.

Сепак, на овој остров жителите имаат струја, па дури и интернет, иако само неколку часа дневно.

Посета на заболекар може да трае со месеци, ви требаат неколку дена за да дојдете до него, но потоа и одредне период да најдете пат назад затоа што транспортот на Куковите острови е многу проблематичен.

Вилијам Марстерс се преселил во 1863 година со својата жена, Полинезијка, и уште две нејзини роднини, кои потоа исто така ги оженил.

Два пати годишно голем брод носел храна и неопходни намирници на островот, во замена за тоа Вилијам давал кокосово масло. Потоа, посетите станале ретки, распонот меѓу нив подолг и на три години, за да на крајот целосно престанат.

Кога Брандер починал, Вилијам од кралицата Викторија го добил островот. Пред тој да почине во 1899 година, го поделил островот на три дела, секој дел за една од неговите жени.

Голем број жители го напуштиле островот, а оние за оние кои останале инцестот не е непознат.

Loading...