Орбан најави: Лидерката на АфД, Алисa Вајдел ќе ја посети Будимпешта

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека лидерот на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD) и кандидат на партијата за канцелар, Алиса Вајдел, следната недела ќе ја посети Будимпешта.

Loading...

„Берлин отсекогаш бил град на ѕидови. Време е да падне уште еден”, изјави Орбан на платформата X.

Орбан за швајцарскиот весник Ноје Цуерхер Цајтунг изјави дека Вајдел следната недела ќе ја посети Будимпешта, пренесе Ројтерс.

Предвремените парламентарни избори во Германија се закажани за 23 февруари.

Според анкетите, АфД е на второ место по поддршка од гласачите зад Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лидерите на ЕУ се собираат за да ги зајакнат европските одбранбени капацитети