Орбан го одби ултиматумот на Вебер

Сподели со своите пријатели

Унгарската владејачка политичка партија Фидес на премиерот Виктор Орбан го одби ултиматумот на водечкиот кандидат за претседател на Европската комисија Мафред Вебер.

Loading...

Вебер испостави три услови: Фидес да престане со кампања против ЕУ, да се извини на колегите од ЕПП и да дозволи на Централно-европскиот институт Џорџ Сорос да остане во Будимпешта.

– Од ништо нема да се откажеме. Одбраната на европските вредносни и христијани, како и спречувањето на масовната емиграција за нас се поважни од дисциплината на партијата во рамките на ЕПП, порачал портпаролот на Фидес, а пренесува италијанската агенција АНСА:

Трите услови, кои ги испоставил Вебер кон партијата, понудени се за да се избегне евентуално исклучување на владејачката унгарска партија од членството во Европската народна партија.

Досега 13 членки на ЕПП го поддржале оваа барање.

Манфред Вебер е и лидер на ЕПП, германски европарламентарец и пратеник во Бундестагот.

Leave a Reply