Опсадата на Мариупол дополнително ги усложни преговорите

Сподели со своите пријатели

Руската опсада на градот Мариупол дополнително го усложни преговарачкиот процес и тешко е да се каже кога би можеле да продолжат директните преговори, изјави за Ројтерс украинскиот преговарач Михаил Подољак.

Loading...

Во писмениот одговор на прашањата на Ројтерс, тој рече дека верува оти Русија смета на зајакнување на своите позиции преку нова офанзива што ја започна во источна Украина.

 

Милионер близок до Кремљ пронајден мртов во својот луксузен стан: Застрелани сопругата Јелена и ќерката

 

Очигледно, во позадината на трагедијата во Мариупол, преговарачкиот процес стана уште покомплициран“, рече Подољак, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Руското Министерство за одбрана претходно денеска им понуди на украинските сили кои беа блокирани во металуршкиот комбинат „Азовстал“ во Мариупол доброволно да се предадат, но тие одбија.

 

Loading...

Зошто Путин сака да го заземе Донбас?

 

Русија тврди дека припадници на украинските националистички баталјони и странски платеници се во „Азовстал“.